Нигерија ја откри првата инфекција со нов вид на коронавирус омикрон, од примерокот земен во октомври, неколку недели пред Јужна Африка да го предупреди светот за оваа варијанта на вирусот, објави денеска Националниот институт за јавно здравје.

Таа е првата западноафриканска земја што пријавила омикрон откако беше откриен и пријавен минатата недела во Јужна Африка, а потоа и во дваесет други земји.

Во Нигерија, со геномско секвенционирање на примероци позитивни на коронавирус, идентификувани се два случаи на варијанта на омикрон кај патниците од Јужна Африка, изјави директорот на нигерискиот Центар за контрола на болести, Ифедајо Адетифа.

Двајца неидентификувани патници пристигнаа во западноафриканската земја минатата недела, но нова варијанта на вирусот е потврдена во случаи пред нивното пристигнување.

Ретроспективното секвенционирање на претходно потврдени случаи меѓу патниците, исто така, идентификуваше варијанта на омикрон меѓу примероците собрани во октомври 2021 година, рече Адетифа.

Тој предупреди дека нискиот капацитет за тестирање може да стане најголемиот предизвик за Нигерија во справувањето со новата варијанта на коронавирусот. Во главниот град на таа земја, Абуџа, никој не е тестиран за вирус со недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.