Торакални хирурзи при Клиничката болница Тетово минатата недела прв пат извршија интервенција применувајќи нова метода со која кај пациентка е спречено прекумерно потење.

Новиот начин на интервенција претставува различна хируршка постапка од досегашната практика во дел од нервниот систем со цел да се спречи енормното потење.

Специјалисти торакални хирурзи од тетовската клиничка болница ја вршат првата интервенција на хиперхидроза што значи прекумерно потење. Операцијата е изведена со методот на инцизија со помош на минимално инвазивна симпатектомија. Пациентот со хиперхидроза по интервенцијата немал симптоми на потење и се вратил во нормален живот, информираат од Клиничката болница во Тетово.

За интервенцијата лекарите имаа стручни совети и едукација од лекари од Шпанија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.