Од вчера доцна попладне до денес во раните утрински часови била прекината податочната комуникација која оди од Мој термин кон Фондот за здравство и со тоа била оневозможена валидацијата за пропишување рецепти и реализацијата на лекови, соопшти денеска Фондот.

Оттаму велат дека комуникацијата повторно е воспоставена и матичните лекари непречено можат да пропишуваат лекови што осигурениците без проблеми ќе можат да ги реализираат во аптеките.

Матичните лекари вчера се пожалија дека не можеле да напишат ниту еден рецепт на пациентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.