Членот на медицинскиот тим на претседателот на Русија Владимир Путин академик Богдан Владимирович Городиски неодамна гостувал во Србија, каде одржал предавање за имунитетот и причините за сите болести.

Според него постои физичко и ментално здравје, кои се нераскинливо поврзани.

Медицината на 21 век е пред голем предизвик, бидејќи со постоечките методи не може да се реши проблемот на денегенерација на клетките и забрзаното стареење на организмот. Потребно е да користиме методи кои тој процес ќе го свртат во процес на регенерација, обновување на оранизмот – рекол докторот Городиски.

Друг голем проблем, според него, го прават тивките и бавни, скоро незабалежителни инфекции, кои многумина не ни знаат дека ги имаат. Токму тие можат да бидат причинители на тешки заболувања кои со тек на време се влошуваат.

Голем проблем е  влијанието на електромагнетните полиња кои не опкружуваат. На пример трафостаниците би требало да бидат барем 1.500 метри од населените места, а тие често се наоѓаат и на 50 метри. Нивното влијание врз човекот е сериозно. Кога мобилниот ќе го приближиме на увото штетното зрачење продира во мозокот на длабочина од 6 до 8 сантиметри и го исклучува имуниот и ендокриниот систем на организмот. Обичниот компјутер зрачи 8 типови зрачење кои го уништуваат нервниот систем и влијаат врз штитната жлезда, создавајќи проблеми во органзимот. Тука се и станиците на мобилната телефонија, радиоапаратите и телевизорите, бидејќи влијаат на болестите на нервниот систем. Стресот исто така штетно влијае врз организмот – рекол докторот.

Според него здравите навики единствено можат да го заштитат здравејто на луѓето. Тоа се на пример, правилно дишење, земање квалитетна вода, умерена и здрава исхрана, шетање, пливање, ведри и позитивни мисли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.