Прогласена e епидемија на заразна жолтица во Посебното основно училиште „Климент Охридски“ во Ново Село каде се школуваат деца со попречености. Центарот за јавно здравје – Струмица даде наредба училиштето во наредните 15 дена да биде затворено бидејки досега се регистрирани вкупно 11 пациенти кај кои е откриен вирусот хепетитис А.

На инфективното одделение во Струмица се задржани четири деца кои се наоѓаат во добра здраствена состојба.

Повеќе информации очекувајте во централниот дневник во 17 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.