Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски, кој со месеци наназад прави анализи на официјалните бројки од Министерството за здравство, а во врска со вирусот, вчера се задржа на новиот, таканаречениот британски сој на вирусот, кој и официјално е потврден во нашата држава.

„30.1.2021. Поминаа веќе 9 дена од последното продолжување на работното време на кафеаните и сега веќе можеме со поголема сигурност да го видиме ефектот од тој безумен чекор.

Ефективниот репродукционен број е минимално над единица, што значи дека последнава недела одново започна да расте (во просек) дневниот број на нови случаи.

Ова значи дека деновиве во просек бројот на новодијагностицирани е еднаков со бројот на реално оздравени (т.е. оние што биле дијагностицирани пред 19 дена).

Да било се нормално, сега би требало да има помалку нови случаи отколку од пред 19 дена, но не е така. Официјалниот број на активни случаи не вреди да се разгледува (црвената линија) поради се уште големиот број на заборавени отворени случаи.

За разлика од Велика Британија и Германија, кои со строги рестриктивни мерки успеваат да го компензираат негативното влијание на новиот вирус, па дури и да ги намалат дневните бројки на нови случаи, кај нас со ваквото лежерно однесување само придонесуваме на побрзото ширење. Сите се однесуваат како ништо особено да не се случува, слично на патниците на „Титаник“, кои се забавувале со музика на горната палуба додека бродот веќе се полнел со вода.

 

30.1.2021. Поминаа веќе 9 дена од последното продолжување на работното време на кафеаните и сега веќе можеме со…

Posted by Дејан Трајковски on Saturday, 30 January 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.