Во бројни објавени студии последниве месеци недвосмислено се покажува дека тешките симптоми кај ковид-19, пред сѐ, се должат на автоимуни реакции, а не на „труење“, пишува професор д-р Драган Даниловски, реагирајќи на изјавата на Лилија Чолакова Дервишова, специјалистка по семејна медицина, претседателка на Здружението на приватни лекари која вели дека нешто ја труе крвта кај заразените со ковид-19.

Во него, меѓу другото, д-р Чолакова Дервишова, тврди:

Така што сето ова, од нашите многугодишни работни искуства, нѐ наведува да се сомневаме дека се случува НЕШТО што го напаѓа организмот и тоа е нешто ТОКСИЧНО. Нешто прави интерваскуларни коагулации, НЕШТО прави депресија на коскената срцевина.“ (Патем, се вели „интраваскуларни“, а не „интерваскуларни“).

Нешто токсично? Што? Да не алудира на боен отров, можеби? Сарин ли се викаше? Дали таа е застапник на таа теорија на заговор? Со каква намера се искажани овие инсинуации? Да внесат немир и страв кај луѓето? На сета мака, уште вакво „труење“ ли им фали?, прашува д-р Даниловски.

Според него, загрижува обидот своите небулози да ги припише генерално на матичните доктори.

Како одговор на паушалното и тенденциозно тврдење дека „нешто ја труе крвта на заразените со КОВИД-19“, на читателскиот аудиториум му нудам линкови до три студии, кои објаснуваат на што се должи тоа „труење“.

1. Во списанието „Clinical Rheumatology“, на 21 јануари 2021 година објавен е научен труд со наслов „Анти-фосфолипидни антитела и имуни комплекси кај пациенти со КОВИД-19: претпоставена улога во текот на болеста за анти-анексин-V антитела“, во која воспалителните реакции и хиперкоагулабилните состојби кај КОВИД-19 се поврзуваат со настанување на одредени автоимуни антитела. (линк до статијата)

2. Вториот труд со наслов „Протромботични автоантитела во серумот од пациенти хоспитализирани со COVID-19“ е објавен во списанието „Science Translational Medicine“ на 18 ноември 2020 година (линк до статијата) , а осврт кон ова истражување е објавен во ЈАМА на 2 февруари оваа година. (линк до статијата)

3. Третиот труд со наслов „Автоимуна хемолитичка анемија асоцирана со инфекција со КОВИД‐19“ објавен е во списанието „British Journal of Haematology“ на 27 мај 2020. (линк до статијата)

извор: Доктори.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.