Професорот Дејан Трајковски алармираше на високата позиција на нашата земја според смртноста од коронавирусот.

Тој вели дека, вчера, Македонија се искачи на третата позиција од 223 земји и територии во светот според најстрашниот параметар на епидемијата, кумулативниот морталитет (вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата, сметано на милион жители).

Дури ни нереално високиот број на жители, 2,08 милиони, многу не ни помогна да го спуштиме рејтингот. Ова е главното мерило на „успехот“ на КЗБ, МЗ и владата во справувањето со епидемијата на ковид-19 во земјава. За три дена го очекуваме месечниот билтен на ДЗС со најновите податоци за одвишната смртност. Ќе имаме што да видиме, пишува проф. Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.