Клиничките испитувања за вакцината против Ковид-19 развиена од „Астра Занека“ и  Универзитетот Оксфорд продолжија во Обединетото Кралство по потврдата од страна на Регулаторното тело за здравствена заштита на лекови (МХРА) дека е безбедно да се продолжи, објави компанијата во саботата.

Испитувањата беа ставени на пауза на 8 септември откако еден од учесниците доживеа сериозни невролошки симптоми.

Комитетот на Обединетото Кралство ги заврши своите истраги и му препорача на МХРА дека испитувањата во Велика Британија се безбедни за продолжување, велат од АстраЗенека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.