Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на Фејсбук објави статус во кој пишува дека Филипче бара од секоја клиника да обезбеди по два доктори за работа во полската болница, односно дека тоа се бара и од клиниката за хематологија каде има болни со најтешка дијагноза, според Столковски постои опасност дека докторите кои што ќе работат во полската болница потоа треба да се вратат кај овие болни, а потенцијалот да им пренесат каква било болест е огромен.
Ако пак не се вратат и останат дома тогаш клиниката поаѓа со капацитет што пак ги доведува болните во опасност.

Во услови на намален капацитет на медицински персонал затоа што сме држава со најголем процент заболен медицински персонал од корона, Филипче бара од секоја клиника да обезбеди по два доктори за работа во полската болница. И до тука е во ред.
Проблемот е што се бара и од клиниката за хематологија, каде што има болни со најтешка дијагноза кои што имаат многу намален имунитет.
Докторите кои што ќе работат во полската болница потоа треба да се вратат кај овие болни, а потенцијалот да им пренесат каква било болест е огромен.
Ако пак не се вратат и останат дома тогаш клиниката поаѓа со капацитет што пак ги доведува болните во опасност.
Дали заради неспособноста на Филипче ќе страдаат многу болни во Македонија?
Во прилог и дописот од Филипче.стои во статусот на Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.