На приватните специјализанти не им се плаќаат здравствените придонеси, дежураат бесплатно. Дежурствата не им се плаќаат ни на голем дел од државните специјализанти, објави ТВ21. Божидар Кочоски од Здружението на млади лекари и специјализанти, вели дела специјализантите исто така немаат право на породилно отсуство, ниту пак добиваат храна за 12 часа дежурство.

Министерот за здравство Венко Филипче пред три дена ги објави новите измени во законот за здравствена заштита. Според него, новите измени ги намалуваат санкциите врз државните специјализанти во случаи кога тие ја напуштаа специјализацијата, пред предвидениот рок за завршување. До сега, напуштањето на специјализацијата се санкционираше  5 до 10 пати поскапо отколку самата специјализација.

Од Здружението на млади лекари апелираат до институциите нивните барања да се земат предвид бидејќи повеќето од нив се подготвени да заминат од Македонија. Според нив, Германија е дестинација која лекарите од Северна Македонија ја избираат најчесто за работа, исто така и Швајцарија како и другите европски земји. Во последниве 5 години околу 900 лекари си ги побарале своите документи од Лекарската комора на Македонија за да можат да бидат ангажирани надвор од земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.