Директорот на Клиниката за неврологија доктор Иван Барбов, вели дека наскоро на оваа клиника ќе се отвори постковид амбуланта, каде што ќе може да доаѓаат пациенти со невролошки последици од Ковид 19.

Д-р Барбов истакнува дека нивниот број е голем и дека се појавуват и сериозни привремени или трајни нарушувања.

Невролошките последици се многубројни, најчести се вртоглавица, проблеми со меморија, главоболка. Тие се полесни, но во нашата практика кај прележани пациенти со Ковид-19, по неколку месеци гледаме и сериозни невролошки нарушувања, кои се движат од губење на чувството за вкус и за мирис, па сѐ до воспаление на мозокот. По прележувањето на Ковид-19, сега гледаме дека има голем број пациенти кај кои се создаваат автоимуни болести. Антителата ги напаѓаат сопствените органи.

 

Општата слабост и губењето на меморијата траат неколку месеци и се повлекуваат, но компликациите како мозочен удар поради зголемената склоност на крвта кон тромбоза, траат со години, затоа што тука веќе има парализа на раката, ногата и говорот – вели д-р Барбов за „Слободен печат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.