Петнаесет пати над максимално дозволената концентрација на железо била регистрирана во грозје во Кавадаречко. Над 20 пати над максимално дозволеното овој метал бил присутен и кај зелка, а концентрацијата му била сериозна и кај примерок од пиперка. Се покажало дека зелката екстрахира и никел, кој, пак, бил присутен со мала вредност во пиперката, а го немало кај грозјето. Испитувана била и пченка. Таму железото било под максимално дозволеното, а никелот не бил пронајден. Мостри биле земени од две локации, во градот Кавадарци и во близина на фабриката загадувач од тешката индустрија, во атарот на селото Возарци. Загаденоста се покажала кај границата на селата Возарци и Шивец, во градот не. Ова беше соопштено на едукацијата на фармери и презентација на резултати од анализа на почва во Кавадарци, на која присуствуваше МИА. Настанот беше дел од проектот „Да ја заштитиме почвата од загадување”, спроведуван од Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес и поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Партнерска организација е кавадаречкото друштво „Екоживот”.

Овој проект трае три години. Ќе се види присуството и на други тешки метали и ќе се бара начин за справување таму каде што тоа присуство е зголемено. На таа почва каде што се земани проби се планира да се направат опитно четири парцели на површина од половина декар. Ќе се проба со четири култури, хиперапсорбери, за да се види која е најдобра за деконтаминација. Тие опити ќе траат две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.