Студија спроведена во Данска покажала дека постои мал ризик од сериозни компликации по инфекцијата кај пациенти кои не морале да бидат примени во болница, пренесува Ројтерс.

Заболените пациенти од коронавирус кои не се хоспитализирани имаат низок ризик од сериозни, долгорочни ефекти на инфекцијата, но кај нив забележан е поголем број на посети кај општите лекари по оваа болест, се вели во студијата објавена во списанието The Lancet Infectious Diseases.

Сепак, бројот на посети на општи лекари е зголемен кај овие пациенти, и ова може да биде последица на ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.