Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп донира постелнина, јоргани, перници и пакети вода за ковид-одделението во Прилепската болница.

Како партија бараме одговорност од државниот врв поради неспремноста за ненавремено справување со вториот бран од ковид пандемијава. На сите сограѓани кои веќе ја водат битката со корона вирусот им посакуваме брзо и лесно опоравување, а на останатите сограѓани им препорачуваме да ги почитуваат мерките и препораките за заштита на личното здравје и здравјето на останатите, носење на маска и задолжителна дистанца. Посакуваме да дојде денот кога бројките на новозаразени од корона вирус ќе имаат опаѓачки тренд и во Р. Македонија но и во нашиот град Прилеп, велат жените од Прилеп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.