После делта сојот на коронавирусот, во Австрија е присутен колумбискиот вид.

Колумбискиот сој се смета за мутација на која му треба внимание и се следи низ целиот свет, бидејќи постои сомневање за побрзо ширење од другите видови на Ковид-19.

Се претпоставува дека има повеќе лица заразени со колумбискиот вид во тој регион.

Присуството на колумбискиот вид Б.1.621 беше утврдено во една пречистителна станица во близина на езерото Вертерзе, објавија надлежните органи кои вршат анализа на отпадните води.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.