Од почетокот на пандемијата во Уругвај од ковид-19 имаат починато само 135 пациенти, благодарение на првиот вирологот Гонзало Мораторио. „Nature“ пренесува дека луѓето му приоѓаат на улица за да се запознаат со него, му се заблагодаруваат, му плаќаат пиво кога ќе го сретнат во некој бар.

38-годишниот Мораторио докторирал во Париз во 2018 година, а годинава добил своја лабораторија во која што ги проучува мутациите на вирусот.

Уругвај има добро развиено јавно здравство во кое што епидемиолошките служби постојано работат. Мораторио уште на почетокот на пандемијата решил со тестирање да се почне веднаш, а позитивните луѓе да се изолираат.

На 13-ти март во Уругвај бил потврден првиот случај на коронавирус, па веднаш била прогласена вонредна состојба, затворени биле училиштата и трговските центри, прогласено ограничување во летовите, како и преминување на границата, а од луѓето се барало да се изолираат.

Досега Мораторио и неговиот помошник Пилар Морено заедно во лабораторијата развиле сопствен тест кој што исто така користи ПЦР метода за откривање на вирусот.

Со помош на Министерството за зравство создале мрежа за тестирање во целата земја. До крајот на месец мај во Уругвај биле тестирани по 800 луѓе дневно, а половина од тестовите биле спроведувани дома. Денеска таа бројка изнесува 5.000 од кои 30 отсто се спроведуваат со тестот кој го осмислил Мораторио.

Уругвај со пандемијата се избори на импресивен начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.