ЈКП „Гази Баба 2007“ ги известува сточарите, трговците и угостителите дека добиточниот пазар во населеното место Трубарево денеска нема да работи.

Како што соопшти Општина Гази Баба, причината за затворање на пазарот е појавата на болеста „син јазик“ кај говедата, овците и козите.

Согласно препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пазарите нема да работат се додека трае оваа епидемиолошка состојба, се вели во соопштението од Општина Гази Баба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.