Полска ќе го скрати периодот меѓу двете дози на вакцинирање протов Ковид-19 со Астра Зенека, Фајзер и Модерна, соопшти денеска министерот за полската имунизациска програма Михаил Двирчик.

Најголемо скратување меѓу двете дози ќе биде кај вакцината на Астра Зенека – 49 дена.

Компанијата Астра Зенека при производството на вакцината соопшти дека периодот меѓу двете дози треба да биде 12 недели, односно 84 дена, но Полска одлучи тој период да се намали на 35 дена.

Кога станува збор за дозите на Модерна и Фајзер, периодот меѓу двете имунизации ќе се скрати од 42 на 35 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.