Податоци за фазата еден за вакцината на Оксфорд пристигаат на 20 јули, се вели во извештај на медицинскиот весник „Лансет“ каде ќе бидат објавени податоците од првата фаза на кандидатите за вакцина против коронавирус, развиен од универзитетот Оксфорд и биофармацевтската компанија АстраЗенека.

Портпаролот на „Лансет“ изјави за „Скај њуз“ дека за податоците од трудот се изработуваат последните ревизии и треба да биде објавен во понеделник, пишува Ројтерс.

Според извештаите откриени претходно денеска, вакцината против Ковид-19 покажала напредок во клиничкото испитување.

Четириесет и тригодишен Македонец, татко на три деца и сопруг, кој работи како таксист во Велика Британија, е меѓу првите 500 луѓе што ја примиле Оксфорд вакцината против коронавирусот, која моментално е во третата, последна фаза од клиничката студија и која е голема надеж за лекување на заболените.

Борко Андреевски, уште во април доброволно се пријавил да ја прими оваа вакцина и тоа во најраната фаза од научното истражување за нејзината ефикасност и делотворност. Ги исполнувал сите услови за да се пријави, меѓу кои и тој да е негативен на Ковид 19 и никогаш претходно да не примил ниту една друга вакцина за друг тип на коронавируси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.