Почна масовното тестирање на текстилните работници во петте конфекции, кои од денеска треба да се затворени. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека денеска ќе земат околу 200 брисеви.

На помош денеска ни пристигнаа и двајца лаборанти од Ценатрот за јавно здравје-Кочани. Сметаме дека во кадровскиот дел сме екипирани и со оваа помош ќе го извршиме тестирањето на текстилните работници, вели Димитрова.

На терен се две екипи, кои ги земаат брисевите од домовите на лицата кои се опфатени од масовното тестирање и еден тим работи во пунктот, кој зема брисеви по упат од матичните лекари. Штипските епидемиолози масовното тестирање на околу 500 работници во овие конфекции ќе го заврашат до 6 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.