Брисот земен посмртно од 14-годишното девојче од Лабуништа кое завчера почина бил негативен, т.е. не покажал присутен корона вирус.

Девојчето завчера било донесено во тешка состојба со отежнато дишење и повраќање во струшката болница. Пред да биде донесено во болницата девојчето имало и температура.
Лекарите од струшката болница ја испратиле директно во Ургентниот центар во Скопје, но девојчето не издржало и починало само што тргнале. Посмртно и бил земен брис, кој е негативен.

Телото е предадено на обдукција која треба да ја открие причината за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.