Меѓу 26 починати лица во изминатите 24 часа, најмладата пациентка која го загуби животот по компликации од ковид-19 имаше 30 години.

Од ГОБ „8 Септември“ за „Вечер“ велат дека пациентката била примена со тешка пневмонија и имала висок крвен притисок и дијабет тип 2.

Триесетгодишната пациентка од Скопје била примена во болницата на втори декември, а починала вчера рано наутро.

Пред два дена почина 22-годишна родилка од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.