Бразилската здравствена служба „Авсиса“ објави дека волонтер кој примил вакцина за коронавирус, која ја развија „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд, почина во третата фаза од клиничкото испитување на вакцината.

Службата објави дека истрагата е во тек, пренесува Ројтерс.

Федералниот универзитет во Сао Паоло, кој помага во координирање за време на третото клиничко испитување во Бразил, соопшти дека починатиот волонтер е Бразилец.

За потсетување, компанијата „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд стигнаа до третата фаза на тестирање на вакцината за коронавирус. Пред неколку недели, дополнителното истражување беше запрено, откако вакцината произведе „сериозни несакани настани“ кај учесниците во тестот во Велика Британија.

„Сериозен несакан настан“ значи реакција на вакцина што предизвикало хоспитализација, опасни по живот последици или смрт.

Паузите при тестирање на вакцината не се невообичаени, но сепак е удар за сите оние кои очекуваа вакцината да биде готова за неколку месеци.

Вирусологот од Оксфорд, Роб Ламкин-Вилијамс во јули тврди дека Велика Британија е многу близу до последната фаза од развојот на вакцината за корона и дека се надева дека вакцинацијата може да започне пред Божиќ.

Вакцината веќе се произведува на неколку локации во Европа и Америка и што е уште поважно, во Институтот за серум во Индија. Значи, глобалното производство на вакцината е веќе во тек, што ќе се користи доколку клиничките испитувања се покажат успешни, рече тогаш Вилијамс.

Ако вашиот притисок е повисок од 140/90, ставете го ова под вашиот јазик…
Ако вашиот притисок е повисок од 140/90, ставете го ова под вашиот јазик…
Вашиот притисок секогаш ќе биде 120/80 ако наутро пиете 8 мл…
Вашиот притисок секогаш ќе биде 120/80 ако наутро пиете 8 мл…
Имам 104 години и не страдам од хипертензија и проблеми со срцето! Користам…
Имам 104 години и не страдам од хипертензија и проблеми со срцето! Користам…
Ако притисокот ви е 140/90, исчистете ги крвните садови. Земајте 1 мл пред…
Ако притисокот ви е 140/90, исчистете ги крвните садови. Земајте 1 мл пред…
Датумот на смртта се предвидува според датумот на раѓање, многу е лесно…
Датумот на смртта се предвидува според датумот на раѓање, многу е лесно…
Хирург: „Луѓето ќе доживеат СРЦЕВ и МОЗОЧЕН УДАР ако секое утро не…“
Хирург: „Луѓето ќе доживеат СРЦЕВ и МОЗОЧЕН УДАР ако секое утро не…“
СПОДЕЛИ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.