На инфективното одделение во велешката болница утрово почина маж на возраст од 58 години како последица од Ковид-19. Тој бил примен во болница пред четири дена. Од Батали.нет дознаваат дека починатиот бил свештеник на МПЦ-ОА.

Утрово околу 8:30 часот почина маж на 58-годишна возраст од Богомила, кој е примен во болница на 22.10.2020 година со позитивен тест и од приемот е на кислородна поддршка, соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Свештеникот е 24 жртва на коронавирусот во Велес од почетокот на епидемијата. Минатата недела инфективното одделение во велешката болница броеше девет починати. Црниот биланс продолжува и во новата недела.

На одделението во моментов се хоспитализирани 41 пацинент, од кои 32 имаат потврдени позиотивни тестови, а девет се сомнителни случаи. Дури 15 пациенти се на кислородна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.