Швајцарските здравствени власти потврдија прва смрт на дете од ковид-19. Бебето кое починало од можни компликации од инфекција на коронавирус и е прв случај од ваков вид во Швајцарија, е всушност десетмесечното бебе кое од Клиниката за детски болести во понеделникот ноќта, со специјален авион беше однесено во Швајцарија, објавува „Нова“.

Битката за спасување на животот на десетмесечното бебе започна на Клиниката за детски болести каде што бебето било донесено со грчеви, тресење, температура, а доктор Аспазија Софијанова која го лекуваше, организира бебето кое е швајцарски државјанин, безбедно да биде однесено во Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.