Првпат откако е регистиран првиот заразен од коронавирус од почетокот на пандемијата Министерството за здравство објавува ковид биланс збирно за три дена. Во текот на изминатите три дена (од 30.04 до 02.05) направени се вкупно 4 620 тестови, а регистрирани се 210 нови случаи на ковид, од кои 32 се реинфекции со вирусот, информира Министерството за здравство.

Најголем дел од нововазарените се во Скопје –85, Битола – 51, Прилеп – 14, Кавадарци – 8, Охрид и Штип – по 7, Струмица – 6, Гостивар, Делчево и Берово – по 4, Куманово, Тетово, Велес и Кичево – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Струга, Неготино, Пробиштип и Кратово – по 1.

Во текот на изминатите три дена нема пријавено починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, исто така, нема пријавено починати лица.

Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од: Скопје – 73, Битола – 23, Велес – 8, Куманово, Кавадарци и Штип – по 5, Кичево – 4, Прилеп, Гостивар и Струмица – по 3, Тетово и Гевгелија – по 2, Охрид, Неготино, Кратово и Демир Капија – по 1.

Бројот на активни случаи изнесува 624.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 145 611, Активни 283

Куманово 16 632, Активни 8

Битола 15 367, Активни 146

Прилеп 14 150, Активни 28

Тетово 13 449, Активни 8

Кавадарци 10 639, Активни 22

Велес 9 765, Активни 8

Гостивар 9 579, Активни 6

Охрид 8 844, Активни 23

Струмица 8 056, Активни 8

Штип 8 028, Активни 18

Кичево 5 621, Активни 16

Кочани 5 074, Активни 3

Струга 4 716, Активни 2

Гевгелија 4 401, Активни 3

Неготино 3 678, Активни 3

Ресен 2 719, Активни 7

Свети Николе 2 626, Активни 2

Радовиш 2 528, Активни 0

Крива Паланка 2 413, Активни 0

Делчево 1 975, Активни 5

Дебар 1 673, Активни 0

Берово 1 659, Активни 16

Валандово 1 485, Активни 0

Виница 1 391, Активни 3

Пробиштип 1 266, Активни 1

Богданци 1 019, Активни 0

Кратово 965, Активни 2

Крушево 926, Активни 0

Демир Хисар 830, Активни 2

Македонски Брод 736, Активни 0

Демир Капија 593, Активни 1

Македонска Каменица 523, Активни 0

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 346, Активни 0



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.