Гордана Николиќ, докторката од кумановската болница која се зарази со ковид-19 на работното место, по 40 дена боледување објави дека добила прв негативен резултат.

Прв пат НЕГАТИВЕН брис, од првиот позитивен на 23 ти март и сите потоа беа позитивни, се до сега ! Се радувам како дете ! Еве и пивото од фрижидер го најдов да наздравам, за сега уште само на тераса можам да си наздравам сама со себе ! Стискајте палци и за вториот брис што ќе ми го земат утре“ напиша Николиќ на Фејсбук.

Д-р Николиќ реагираше на ризиците и недостатоците во здравствениот систем и упати критики за пропустите на државниот апарат во справување со короната.

После ова, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Фондот за здравствено осигурување соопштија дека се прават напори медицинските лица кои болеста ја добиле на работнио место да добијат цел износ на платата, а се разговарало и за укинување на партиципација за лекување на здравствените работници заболени од ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.