Шест ново заразени деца со мали сипаници (морбили) вчера се примени на Клиниката за инфективни болести, бидејќи болеста предизвикала пневмонија, пишува „Сакам да кажам“. Од Министерството за здравство велат дека во последното деноноќие на клиниката амбулантски се прегледани уште пет пациенти, но тие се пуштени на домашно лекување.

Примени се две бебиња на пет месечна возраст, едното од Батинци, а второто од Чаир, седуммесечно бебе од шуто Оризари, две едногодишни деца едното од Стајковци, а другото од Брест, и 2,5 годишно дете од Чаир. Сите се невакцинирани. На Клиниката се примени, бидејќи имаат запаление на белите дробови, велат од Министерството за здравство.

Сега на Инфективна клиника хоспитализирани се 26 пациенти со мали сипаници, а од Министерство за здравство велат дека сите пациенти се во стабилна состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.