Канадските истражувачи открија дека пластичните вреќички за чај испуштаат илјадници честички микропластика во водата, пренесува BBC.

Голема количина на микропластика е пронајдена во околината, во водата во пластични шишиња и во некои сокови.

Истражувачите од Универзитетот Мекгрил во Монтреал, Канада, исто така повикаа да се истражува повеќе за микропластиката и какво влијание има таа на здравјето. За потребите на истражувањето, користеја четири вида на чај од различни произведувачи.

Повеќето чаеви се направени од хартиено пакување но, некои се направени од пластични мрежички. Истражувачите го отстранија чајот од кесичките и празните вреќички ги ставија во загрејана вода од 95 степени.

Резултатите покажаа дека една пластичка вреќичка испушта околу 11,6 милијарди честички микропластика и 3,1 милијарди помали нанопластични честички во топла вода. Овие честички се невидливи со голо око.

Ова истражување е објавено во списанието Environmental Science and Technology.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.