Летните одмори почнуваат! Сега е вистинското време да почните со подготвување на телото за неколкудневното постојано изложување на сонцето.

Овој пијалак пијте го десетина дена пред одмор секој ден, а кожата ќе ви заблагодари.

Потребно ви е:

1 морков
1 праска
1 парче свежа тиква или диња
1 јаболко

Подготовка:

Едноставно е, ставете ги сите состојки во соковник, а по желба може да додадете и други овошја заради подобар вкус. Додајте малку лимон заради витамин Ц и пијте го овој сок секојдневно пред појадокот.

Почнете со оваа навика најмалку 10-тина дена пред одмор, а додека се сончате, погрижете се да внесувате по барем еден морков дневно.

Тајната на морковот е во бета каротенот, кој ја штити кожата од UV зраците, ги обновува клетките и предизвикува многу побрзо менување на пигментот на кожата под сончевите зраци.

Ако редовно го консумирате, ќе може да се сончате на пријатно сонце, а не да се пржите како останатите девојки и ќе се вратите дома со повеќе од задоволувачки резултати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.