Петмина вработтени на Клиниката за кожни болести се заразени со коронавирус. Нивната клиничка слика е лесна и засега тие се на домашното лекување, изјави министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конфренција на која информираше дека денеска почина 66-годишна жена од Дебар од ковид-19. Таа е трета жртва на коронавирусот во Македонија.

На некои од нив, првите тетсови им биле негативни, но вториот тест излегол позитивен на корона.

После 16 дена поминати во изолација без никакви симптоми, на земените материјали тие имаат позитивен резултат. Тоа се колеги и се во добра општа состојба и се практично асимптоматски. Ќе продолжат да бидат во домашна самоизолација согласно нивната состојба. Tестирани се вкупно 30 лица, а позитивни се само овие пет. Во следните денови продолжуваат да се тестираат и останатите поделени во групи и сите тие треба да завршат во следните четири до пет дена, рече Филиче.

Директорката на Клиниката за кожни болести е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести поради тоа што е заболена од коронавирус. Откако беше потврдено дека има ковид-19, Клиниката се затвори, а вработените беа пратени на самоизолација. Шеснаесет дена по хоспитализирање на директорката на Клиниката за кожни болести ова се први пациенти од Кожна клиника кои биле во контакт со директорката.

Директорката на Клиниката за кожни болести била на скијање во Италија, а по враќањето не пријавила дека била на патување во ризичната земја. Во меѓувреме таа присустувала и на семинар за дерматологија на која имало околу стотина колеги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.