Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-26, Дебар-9, Штип-10, Прилеп-12, Тетово-5, Струга-4, Велес-4, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-3, Струмица-4, Крива Паланка-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 212 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-42, Штип-49, Прилеп-3, Тетово-10, Струга-2, Битола-4, Охрид-1, Гостивар-45, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-6, Македонски Брод -3, Свети Николе-1, Кичево-2.

Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (61г), двајца пациенти од Дебар (43 и 86г), пациент од Кичево (62г) и пациент од Демир Хисар (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14163, бројката на оздравени пациенти е 10933, на починати е 590, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2640.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5864, активни 854

• Куманово 1447, активни 356

• Дебар 252, активни 85

• Штип 1129, активни 175

• Прилеп 447, активни 101

• Тетово 1208, активни 175

• Струга 557, активни 61

• Велес 269, активни 30

• Битола 201, активни 39

• Охрид 333, активни 31

• Кавадарци 180, активни 78

• Гостивар 767, активни 230

• Гевгелија 45, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 63, активни 24

• Крива Паланка 45, активни 16

• Радовиш 41, активни 6

• Крушево 16, активни 0

• Кочани 140, активни 27

• Пробиштип 80, активни 15

• Демир Хисар 60, активни 16

• Македонски Брод 70, активни 17

• Пехчево 18, активни 12

• Берово 51, активни 42

• Валандово 8, активни 1

• Виница 64, активни 36

• Делчево 49, активни 43 (11 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 17, активни 2

• Свети Николе 282, активни 58

• Кичево 269, активни 73

• Ресен 146, активни 0

• Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2018 теста се преку: ИЈЗ-866 ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-255, Биотек-271, МАНУ -99, Жан Митрев (Филип Втори)-231, Систина со PCR метода -163, лабораторија Лаор –44, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-4, ГАК-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 145.705 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 41, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 117

• Гази Баба – 102

• Аеродром – 105

• Карпош – 86

• Центар – 85

• Кисела Вода – 100

• Ѓорче Петров – 55

• Бутел – 65

• Шуто Оризари – 32

• Студеничани – 20

• Сарај – 26

• Арачиново – 16

• Илинден – 12

• Сопиште – 6

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 10

• Зелениково – 3

• Странец – 5

• Нераспределен – 4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.