Кавадарчанец на возраст од 71 година почина од коронавирус на клиника, додека петгодишно дете „однесе“ во изолација 14 деца, две негувателки и една воспитувачка во градинка.

Оваа информација за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа, потврдени се нови четири случаи во Кавадарци и осум во Неготино. Тие се на возраст од пет до 61 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.