Еден стружанец и петмина скопјани починале од компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче. Со тоа бројката на починати од почетокот на епидемијата се искачи на 451.

Во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 45
-Куманово 7
-Дебар 1
-Штип 25
-Прилеп 4
-Тетово 9
-Струга 5
-Битола 6
-Охрид 3
-Кавадарци 1
-Гостивар 9
-Кочани 3
-Демир Хисар 1
-Делчево 1
-Свети Николе 3
-Кичево 6

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од:

-Скопје 60
-Куманово 7
-Штип 16
-Прилеп 1
-Тетово 12
-Велес 4
-Кавадарци 2
-Гостивар 6
-Виница 1

Досега во земјата се направени вкупно 92550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројката на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.