Долгите летови се погодна почва за ширење на вирусот корона, е заклучокот на една студија, која покажа дека на летот од Лондон до Нахоја, еден патник заразил 15 лица во авионот.

Станува збор за летот „VN54“ од 1 до 2 март, а на летот имало жена која патувала во бизнис-класа, а која кашлала и се жалела на болки во грлото.

Кога слетала во Виетнам, добила висока температура, а потоа била регистрирана како позитивна на корона вирус.

Научниците го испитаа овој случај и дојдоа до заклучок дека 12 патници од бизнис класата и двајца патници од економска класа, како и една стјуардеса, биле заразени со вирусот корона.

Во текот на летото, никој од новоинфицираните немал симптоми.

Врз основа на тоа истражување, пренесуваат австриските медиуми, научниците докажале дека движењето на аеросолите може да претставува проблем во авионите и дека авионите се плодна почва за масовно ширење на вирусот корона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.