Во денешното гостување во тема на денот на Сител Телевизија проф.д-р Никола Пановски вели дека  не знаеме дали имаме имунитет против индискиот сој, но да се надеваме дека имаме, меѓутоа мора да се соочиме со ризикот и да се подготвиме.

И ако проф. Даниловски, којшто е бард во епидемиологијата, кажува дека треба контрола на луѓето коишто доаѓаат кај нас, па дури и нашите иселеници, па дури и нашите луѓе коишто одат на одмор во земји каде што постои делта-сојот, а комисијата тоа го игнорира, треба да објасни зошто тоа го игнорира. Дали овој човек(проф. Даниловски) не знае што зборува или тие во договор со Владата и економските интереси носат мерки коишто не се баш оправдани од здравствен аспект. Нема логика ако кај нас има шест случаи, а во Грција има 800, ако Грција е пет пати поголема, сметајте дека тоа е 30 наспроти 800 – рече Пановски.

Објаснува дека тие нас нѐ тестираат, земја без случаи на заболени од делта-сој. Вели дека кога се враќаат тука тие можат да влезат, 25 пати повеќе, од кои половина се заболени со делта-сој и можат да ни го внесат кај нас овој опасен сој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.