Не земајте антибиотици на своја рака, ако лекарите сметаат дека има бактериска инфекција, нивно право е да пропишат антибиотик, но двојни дози на лек ниту лекарот смее да го предложи, ниту фармацевтот смее да го издаде во аптека – предупреува доктор Никола Пановски.

Тој уште еднаш посвети статус на прекумерното издавање лекарски рецепти за антибиотици, и неконтролираното пиење за време на оваа ковид криза.

Докторот напиша:

По млаката или никаква реакција на надлежните и одговорни за здравјето на граѓаните, како и за парите на граѓаните, било лични или преку ФЗО (МЗ, ЛКМ, ФКМ,МЛД, МАЛМЕД, ФЗОМ и други),а по моите реакции за неразумно трошење на антибиотици во амбуланското лекување на ковид, решив повторно да се обратам тука, покрај предавањата до лекари и фармацевти кои ги одржувам онлајн. Секој лекар има право да предложи или пропише терапија по свој избор. Во однос на антибиотиците јас го кажав својот став, базиран на сите постоечки протоколи во светот. Ако лекарите сметаат дека има бактериска инфекција, нивно право е да пропишат антибиотик. Друго е што се пропишани по два лека на пациент, а во количини три пати поголеми од бројот на сите ковид позитивни !!!
Сепак за предлагање на двојни дози на лек, надвор од упатството за примена на лекот, апсолутно нема дилеми, дека ниту лекарот смее да го предложи, ниту фармацевтот смее да го издаде во аптека. За жал тоа се случува секојдневно и масовно! Затоа во продолжение е текстот во кој се цитирани делови од упатството за употреба на Сумамед таблети од 500 мг наменето за пациентот. Дојдов во состојба на лекари и фармацевти да цитирам упатство од лек.

Вообичаено и многу често „стандардно лекување“ на Ковид 19 во Македонија помеѓу другото е и Сумамед 6 дена, односно 500 mg на ден.
•Извадок од упатството за пацинетот
•Дозирање
•При лекување на инфекции на горни и долни дишни патишта, вкупната доза на азитромицин (Сумамед) изнесува 1500 mg, а се зема во тек на 3 дена (500 mg, еднаш дневно).
•Ако употребите повеќе од лекот Сумамед отколку што сте требале
•Ако по грешка сте земале поголема доза од лекот Сумамед, треба веднаш да го известите Вашиот лекар. Предозирањето со макролидни антибиотици се одразува на губење на слухот, силна мачнина, повраќање и пролив. Треба да се предизвика повраќање и што побрзо да се побара лекарска помош.

По млаката или никаква реакција на надлежните и одговорни за здравјето на граѓаните, како и за парите на граѓаните, било…

Posted by Nikola Panovski on Monday, 7 December 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.