Професорот на медицинскиот факултет, Никол Пановски, ги советува граѓаните коишто имаат примено само една доза од вакцините против Ковид-19, да не влегуваат во обејктите за кои државата им дозволува влез со новите мерки, затоа што немаат развиено имунитет и едната доза не им овозможува заштита од вирусот.

Почитувани жители на Македонија, вие кои сте примиле една доза вакцина деновиве или ќе ја примите следниов период, а не сте прележале Ковид. Ве молам да не влегувате во објектите во кои власта ви дозволува да влегувате.

 

Вие се уште немате имунитет, не сте заштитени, под голем ризик сте таму да се заразите и потоа да ја ширите заразата. Потврдата не ве штити од зараза, нека не ви дава лажна сигурност.

 

Откога ќе ја примите втората доза и ќе поминат две недели, тогаш може да претпоставиме дека сте заштитени – советува Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.