Норвешките научници дојдоа до изненадувачки резултати на анализата на крвта од жители во земјата, кои можеби ќе ја променат историјата на пандемијата во светот.

Во времето кога лекарите од Вухан за прв пат се запознаваа со коронавирусот, повеќе Норвежани веќе биле во допир со вирусот, бидејќи се пронајдени антитела на ковид-19 во повеќе примероци од крв, земени во текот на декември во 2019 година. Дури наредниот месец, значи на почетокот од 2020 година во Европа беше регистриран првиот случај на ковид-19.

Според официјалните податоци, првиот случај на заразеност со коронавирусот во Норвешка се случи на 24 февруари во 2020 година, но резултатот од анализата отвара сосем нов агол во истражувањето на потеклото на пандемијата.

Според Ен Сесклид, водечкиот научник на проектот Ахус, со откритието се менува целокупниот наратив што го имаме за вирусот и болеста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.