„Вирусот ќе остане, но самата пандемија на коронавирусот ќе исчезне. Сигурен сум дека тоа ќе биде во 2021-та година“, изјави генералниот директор на Рускиот државен научен центар „Вектор“, доктор по биолошки науки Ринат Максјутов.

Тој исто така прецизирал дека пандемијата, кога секојдневно се зголемува бројот на новозаразени лица, ќе заврши штом се создаде колективен имунитет. За тоа е потребно да се вакцинира околу половина од популацијата.

Инаку, Светската здравствена организација на 11-ти март ја прогласи епидемијата на Ковид-19 за пандемија. Според последните податоци, во светот денеска заразени се над 62.8 милиони луѓе, од кои над 1.4 милиони луѓе починаа. Моментално во светот има над 17.9 милиони активни случаи од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.