Пациентката на која вчера и беше трансплантирано срце е стабилна. Вчера имаше неколку ревизии, имаше некои мали крварења после што се најдоа некои технички извори на крварења што се решија и денеска е дефинитивно стабилна ги нема тие знаци што ги имаше вчера. Јас верувам дека тоа значи дефинитивно стабилизирање на состојбата, дека нема да се случи некаква друга хируршка компликација – истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека тоа се информации од изутрината и непосредно пред настанот телефонски зборувал со докторите кои ја следат нејзината состојба.

Верувам во таа насока ќе продолжи и во текот на денешниот ден. Сега е ситуација кога секој час, секоја минута е битна. Се пратат параметрите на секој час и во делот на анализа на крвната слика и во делот на параметрите на дишењето, работата на срцето. Се уште е рано, меѓутоа добри се знаците – додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по настанот на армискиот полигон „Криволак“, каде беше организиран Ден за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.