Најновите тестови извршени кај првите пациенти со Ковид-19 во Германија, покажуваат брзо опаѓање на бројот на антитела во крвта. Тоа може да значи дека кратко време по оздравувањето, тие може повторно да се инфицираат, објави „Дојче веле“.

Новите испитувања на оздравените корона-пациенти меѓутоа ја кочат надежта за долготраен имунитет и со тоа за долготрајно дејство на евентуална вакцина. Испитувањата на крвта на првите пациенти во Германија заболени од Ковид-19, кои беа на медицински третман на крајот на јануари во минхенската клиника Швабинг, покажале значително опаѓање на т.н. неутрализирачки антитела во крвта, соопшти Клеменс Вендтер, раководител на тамошната Клиника за инфектологија.

Кај четири од девет пациенти констатиравме намалување на бројот на неутрализирачки антитела со специјален тест кој може да се извршува само во лабораторија со високи мерки на безбедност”, изјави Вендтер. „Во колкава мерка ова ќе влијае врз долгорочниот имунитет и имунизација, засега може само да се шпекулира, но мора натамошно да се испитува.” Но, резултатите укажуваат дека по пребродената болест, можно е повторно инфицирање, тоа мора да се има во вид, потенцира Вендтер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.