Небојша Додевски – Грицко е добропознат скопски лик, кој долги години готвеше и делеше бесплатна храна на плоштадот Македонија за најзагрозените случаи. Со неговата акција „Храна, а не оружје“ нахранил многу луѓе последниве години.

За жал, неговата здравствена состојба воопшто не е добра и веќе неколку години оди на дијализа секојдневно, а во последно време неговата состојба се влошува уште повеќе. Истовремено, иако неколку пати се обратил за помош од државата, постојано е одбиван. Кога државата нема слух за ваквите случаи кои се оставени сами на себе, тука се граѓаните да помогнат колку можат за да се спаси еден живот, кој истиот спасил илјадници други со неговите хумани дела!

Доста Грицко помагаше на сите, сега е време да му се помогне на него!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.