Рестриктивните мерки за Делта-сојот тропнаа на врата. Додека едни ги поддржуваат, други „удрија“ по рестрикциите со редица обвинувања за кршење на човекови права.

Рестриктивните мерки коишто се најавуваа како одговор на Дејта-сојот тропнаа на врата. Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, како и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани.

Додека едни ги поддржуваат мерките и сметаат дека се дури и задоцнети со оглед на бројката на заразени и починати која констатно расте, други, пак, удрија по рестрикциите со редица обвинувања за кршење на човекови права, за поделби на народот, дискриминација и повреда на Уставот.

Што предвидуваат мерките?

Рестриктивните мерки веќе подого време се најавуваа од страна на надлежните. Првичните прогнози беа дека тие би моеле да се воведат во септември, но четвртиот бран на коронавирусот зеде замав во екот на летната сезона, Свадбите, масовните собирања, журки, летните одмори го направија своето.

Делта сојот, кој исто така е присутен во Македонија, дава различни симптоми кај луѓето кои не биле вакцинирани и кај оние кои ги „засукале ракавите“ и примиле една или две дози вакцина.

Една студија во која беа вклучени еден милион луѓе во Обединетото Кралство покажа дека симптомите што укажуваат на инфекција со делта сојот се различни отколку во раните фази на пандемија.

Најчестите симптоми на ковид-19 кај луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината се главоболка, кивање, губење на чувството за мирис, болки во грлото и течење на носот.

Оние кои примале единечна доза на вакцина против коронавирус најчесто пријавувале главоболка, болки во грлото, постојана кашлица и кивање како симптоми на делта сојот.. Симптомите укажуваат на главоболка, треска, болки во грлото, постојана кашлица и течење на носот.

За време на студијата, луѓето кои биле вакцинирани имале поголема веројатност да пријават губење на чувството за мирис, додека оние кои не биле вакцинирани најчесто пријавиле висока телесна температура.

Исто така, отежнато дишење, што беше карактеристично во првата фаза на пандемијата за време на британското истражување.

Научниците веруваат дека главната причина е возраста на заразените. Имено, според досегашните податоци, луѓето помлади од 50 години се почесто заразени со делта сојот, кои вообичаено немаат толку проблеми со дишењето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.