Неодамнешно истражување спроведено од јапонски научници покажува дека коронавирусот може да преживее на човечка кожа и до девет часа, објави канадски Глобал њуз, пренесува Б92.

Експертите велат дека резултатите не се толку алармантни колку што звучат, а примероците од коронавирус биле пронајдени кај починатите, ден по нивната смрт.

Откриено е дека ковид-19 може да живее максимум девет часа и четири минути, односно пет пати повеќе од патогените микроорганизми кои предизвикуваат обичен сезонски вирус.

Студијата исто така покажа дека 80 проценти етанол може да ја убие короната во рок од 15 секунди.

Синтија Кар, епидемиолог од Винипег, Канада, вели дека ова е важна информација за неа.

Ако знаеме дека можеме брзо да го убиеме вирусот со миење на рацете, тогаш да се држиме до тоа. Не треба да паничиме и да се тушираме без престан кога ќе дојдеме однадвор во домот. Треба само да разбереме дека вирусот е на нашите раце и може ни се случува да ги допреме носот, устата, очите со истите раце и на тој начин да дадеме шанса на ковид-19 да се развие во нашето тело, рече Синтија Кар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.