По загрижувачките податоци во Франција, каде што минатата недела беше регистриран нов сој на коронавирусот, сега експертите предупредуваат дека уште поопасна варијанта е регистрирана во Боцвана.

Новиот сој се води под шифрата „B.1.1.529“, а најверојатно ќе биде наречен „ни“ и засега е забележан кај десетина пациенти. Сепак, тоа што најмногу ги загрижува научниците е фактот дека новата варијанта содржи дури 32 мутации.

Многу од овие мутации се врзани за неговата преносливост и отпорност на вакцинита, а има и повеќе промени на „S“ (Spike) протеинот од која било друга претходна верзија.

Помеѓу клучните мутации, дури четири му овозможуваат на вирусот да ги избегне антителата, а една мутација му овозможува да го забрза ширењето.

Можно е новиот сој да се развил кај луѓе кои имале други инфекции и истовремено биле имунокопромитирани. Таков пример се пациентите кои не знаат дека се инфицирани со ХИВ вирусот, а истовремено се заразуваат со ковид-19 – изјавил професор Франсоа Бал, генетичар од Универзитетот во Лондон.

Вирологот д-р Том Пикок, пак, признава дека комбинацијата на овие мутации е многу опасна.

Комбинацијата на овие мутации е ужасна. Овој сој има потенцијал да биде полош од сите претходни – вели Пикок.

Единствената надеж на научнциите во моментов е тоа што огромниот број мутации ќе „работат“ против вирусот, односно дека ќе го направат нестабилен и на тој начин ќе го спречат неговото масовно ширење пред да стане премногу опасен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.