Министерството за образование да донесе решение за прекин на училишната настава на неодредено време, а Владата да ја разгледа можноста за скратување на работното време за државната и јавната администрација, бара Општина Дебар по новите регистрирани случаи на заболени од коронавирус.

На вонредна седница на Советот одржана доцна синоќа побараа и засилување на здравствената помош како заштитна опрема и персонал.

Министерството за здравство итно да го зголеми бројот на здравствени работници во Центарот за јавно здравје во Дебар (епидемиолог, технички здравствен персонал). Санитарниот инспекторат треба да ги зголеми контролите врз хотелските капацитети за нивото на дезинфекција. Министерството за внатрешни работи да ги зголеми мерките и контролите со професионална опрема на граничните премини на регионот на Дебар“, стои во соопштението.

Вонредната седница доаѓа откако вчера три од осумте лица кои се тестираа за коронавирус покажаа позитивни резултати. Станува збор за членови на семејството на сопружниците од Дебарско, кои од петокот се во домашна изолација, а сега ќе одат на лекување на Инфективната клиника во Скопје.

Заедно со нив досега во земјава се регистрирани седум случаи на заболени од коронавирус, меѓу кои и директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.