Инсталиран е новиот дигитален мамограф во Општата болница во Гостивар и од наредната недела ќе биде пуштен во употреба за пациентите од овој регион. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети болницата и информираше дека извршена е реконструкција на оперативниот блок и изолација на кровна тераса, соопшти Министерството за здравство.

Извршена е реконструкција на оперативниот блок, изолација на кровната тераса и завршена е постапката за реконструкција на хируршкото одделение во болницата. Во изминатиот период набавивме и нова медицинска опрема, со што на медицинскиот персонал им овозможивме подобри услови за работа, а на пациентите квалитетни здравствени услуги, велат од Министерството за здравство.

За две години, реализирани се 37 вработувања на неопределено работно време (1 доктор специјалист по ОРЛ, 13 доктори на медицина, 15 медицински сестри, 1 акушерка, 2 лаборантски техничари, 1 фармацевтски техничар, 1 физиотерапевтски техничар, 2 РТГ технолози, 1 дипломиран физиотерапефт). Со договор на дело ангажирани се 22 вработени и во тек е огласот за вработување за 27 работници кои се медицински кадар и 23 работници кои се немедицински кадар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.