Играчките за во бања се многу често дел од реквизите што родителите ги употребуваат при капење на нивните бебиња.

Со шарени, гумени пајчиња, што испуштаат звуци, капењето станува игра наместо непријатност, но овие играчки, честопати може да бидат опасни.

Постојат многу сведоштва на родители кои на Интернет објавуваат дека во внатрешноста на гумените играчки на нивните деца се создава мувла која може да биде многу опасна за детето.

Има случај на дете кое речиси го изгубило окото кога му прснала течност од гумена патка во лицето, бидејќи во играчката имало мувла и опасни бактерии, поради што добило силна инфекција.

Мајка од Велика Британија сподели фотографија на социјалните мрежи на кои се гледа како во гумени играчки за бања, кои редовно се мијат и сушат, сè уште се развива опасна црна мувла.

Никогаш не сум видел нешто поодвратно. Патките и другите играчки беа полни со мешавина од црна мувла. Ги фрлив веднаш и повеќе нема да ги купам – пишува оваа мајка која додава дека ги миела играчките, но бидејќи не можат да се исушат од внатре, се идеално место за развој на опасни бактерии и мувла.

Погледнете што се може да се крие во обично гумено пајче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.